Иванишевиќ ја открива „тајната“ на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ ја освои петтата титула на Вимблдон победувајќи во финалето против Роџер Федерер – меч што заслужи да биде нарече историски. Во поголемиот дел од текстовите по медиумите по овој успех, се бара тајната на успехот на Србинот. Која е тајната на Новак?

Некогашниот хрватски тениски ас Горан Иванишевиќ, кој во еден дел од Вимблдон како тренер му помагаше на Ѓоковиќ, објаснува дека што се однесува до вистинските шампиони, нема тајни рецепти. Или, едноставно, она што е најнормалното однесување станува тајно оружје. Според Иванишевиќ, Новак знае да ги слуша советите на оние околу него и да ги примени на теренот. Тоа е неговото „тајно“ оружје.

– Во тоа е штосот. Со тоа Новак ме импресионира. Веќе заборавив како изгледа кога некој те слуша. Секој твој збор. Кога некој нешто ќе те праша, па ти ќе му одговориш. А тој те слуша. Тоа ми го врати задоволството и направи добро да се чувствувам на тенискиот терен. Не беше така изминатата година. Повеќе со Новак комуницирав за еден час одошто со мојот некогашен играч за цела година. Секоја чест за нивото на комуникација на Новак. Се гледа зошто човекот е број еден – објаснува Иванишевиќ и потврдува дека Ноле е перфекционист.

– Тој секој ден сака да биде се подобар. А човекот е број еден – вели Иванишевиќ за „Вечерњи лист“. Силата на Новак е во главата.

– Федерер беше брилијантен, беше подобар во секој сегмент од тениската игра, освен шпто не го доби мечот. И се гледа колку Новак е силен во главата. Кога требаше, притисна. Тоа е во главата. Ни близу не одигра најдобро што можеше, Федерер изигра феноменално тактички и во секој друг аспект и на крајот Новак сепак го доби мечот – вели Хрватот, според кој овој трофеј многу ќе значи за понатамошната кариера на Србинот.

– По ова финале трофејот е ветер во грбот за Ѓоковиќ. По ова многу тешко некој ќе го победи – вели Иванишевиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот