Иванишевиќ: Често е под притисок, но Ѓоковиќ е институција со рекорди!

Новак Ѓоковиќ подготвен во Њујорк да го освои „златниот“ слем/Фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Тренерот на најдобриот тенисер на светот, Горан Иванишевиќ, во неодамнешно интервју зборуваше за тоа како српскиот ас е „машина за победи“.

Поранешниот светски рекет број два и освојувач на „Вимблдон“ истакнува дека Новак Ѓоковиќ не е задоволен од моменталната ситуација и дека постојано бара начини да биде уште подобар и максимално да ја подобри играта.

– Доколку кажам дека Новак Ѓоковиќ денеска е добар, тоа веќе не е доволно утре, бидејќи тој сака да биде подобар. Секој ден треба да бидете подобри, да напредувате, треба да знаете како да се притиснете за да бидете подобар како тренер, а подоцна ги гледате резултатите од сè – вели Иванишевиќ.

Хрватскиот стручњак е во таборот на првиот светски тенисер од „Вимблдон“ во 2019 година.

– Не е лесно, секогаш имате подеми и падови, голем притисок, а финалето не е доволно добро за Новак. Тоа е како да го тренирате Реал Мадрид, да загубите на два натпревари и секогаш да ве охрабруваат да продолжите. Секогаш сакаат да ве „згазат“. Затоа Новак е институција, целиот со рекорди, победи и постојано е под притисок, но животот без притисок е здодевен – додаде Иванишевиќ.

Ѓоковиќ веќе ја започна 315-та недела на врвот на АТП-листата овој понеделник, а следната недела се очекува да настапи на Мастерсот во Монте Карло.

Турнирите не се толку интересни без Новак, Рафа и Рожер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот