Иван Туџаров веќе не е управител на „Реплек фарм“

Согласно со законските обврски предвидени во Законот за хартии од вредност, како и врз основа Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје, „Реплек“ АД Скопје објави дека во Друштвото „Реплек фарм“ ДООЕЛ Скопје (основано од „Реплек“ АД Скопје) е извршена промена на управителот.

– Управителот на „Реплек фарм“ ДООЕЛ Скопје, Иван Туџаров, поради приватни причини дава оставка од позицијата управител на Друштвото за фармацевтско-хемиски производи „Реплек фарм“ ДООЕЛ Скопје. Согласно со Одлуката за избор на управител на „Реплек фарм“ ДООЕЛ Скопје донесена на седницата на УО на „Реплек“ АД Скопје, одржана на 8 јули, со која за управител на Друштвото „Реплек фарм“ ДООЕЛ Скопје, се именува Цане Талевски (досегашен помошник генерален директор на „Реплек фарм“ ДООЕЛ Скопје). Промената е извршена во Централен регистар на РСМ – објави Берзата.

Видео на денот