Иван Марковски е новиот тренер на Металург

фото: Фејсбук

Поранешниот македонски репрезентативец, Иван Марковски е нов тренер на екипата на Металург. Пред Марковски е тешка задача, покрај финансиските проблеми со кои се наоѓа клубот поради пандемијата на коронавирусот, во последно време тимот од Автокоманда се наоѓа во резултатска криза.
Марковски ќе биде третиот тренер на Металург оваа сезона, прво на клупата седеше Зоран Кастратовиќ, а него го наследи Оливер Димитриоски.
Марковски го предводеше тимот на Работник по што се пресели во Франција каде три годиниго тренираше женскиот тим на Авенсоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот