Иван Блинков за „Слободен печат“: Водно го чува Скопје од поплави, да го заштитиме со посебен закон!

Водно. / Фото: Архива на Слободен печат

Ако се земат сите можни аспекти, како и локацијата, Водно е веројатно најзначајното шумско-планинско подрачје во земјава. Затоа заслужува и извонредно голем степен на заштита од уништување, изјави за „Слободен печат“ професорот од Шумарски факултет Иван Блинков, чија специјалност се ерозиите.

Тој смета дека е потребно итно стопирање на нацрт-одлуката за прогласување на Водно за заштитено подрачје според Законот за заштита на природата и донесување на  лекс специјалис, оноднсо посебен  за Водно, изработка на просторен план за Водно и посебен план за управување што ќе овозможи вистински степен на заштита и зачувување на неговата важност.

Според професор Блинков од Шумарски факултет, Водно има преголемо стратешко значење за Скопје, а со самото тоа и за еден значаен дел од државата што неговата заштита не би смеела да се разгледува само од аспект на Законот за заштита на природата, како останатите природни подрачја туку мора да се земе предвид дека е стратешки важно подрачје поради својата улога во заштитата и превенцијата од поплави за Скопје.

– Водно прво е прогласено за ерозивно подрачје во 1952 година и врз основа на тоа беше преземен обемен зафат за негово пошумување. Но откако стариот закон за ерозии престана да важи во 70-те години од минатиот век, за да се заштити Водно, не само да ја врши својата улога за заштита од ерозија и порои, туку и за воено-безбедносни потреби во тој период се прогласува според Закон за природни реткости за Подрачје со посебни природни каракетристики – Парк шума – вели Блинков. 

Професор Блинков смета дека зонирањето со предложени дозволени и недозволени активности е катастрофално лошо осмислено во Студијата за валоризација за природни вредности на Водно која е основ за прогласувањето на Водно за заштитено подрачје.

– Тоа е направено небаре е ова некое подрачје на пример во дивина во Мариово, а не над главниот град. Со тоа се нарушува функционирањето на овој безбедносен систем за градот и води кон намалување на безбедноста на граѓаните од природните непогоди – вели Блинков.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот