Итно им се потребни „сезонци“: Црногорците не сакаат да работат за мала плата

На хрватскиот дел од Јадранот во текот на летото за сезонска работа се ангажирани 105 работници од Црна Гора.

Ова го покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи кои ги пренесува „РТЦГ“.

Тие предупредуваат дека значителен број на сезонски работници недостигаат и во Црна Гора.

Државјаните на оваа земја најчесто во Хрватска се вработени како градежни работници, возачи и продавачи.

Сезонската работна сила оваа сезона недостига и во Црна Гора, па тамошниот завод за вработување во однос на минатата година ја зголеми квотата за странски државјани кои би можеле да бидат вработени како сезонски работници за околу 3.000 или вкупно 18.135 работници.

– Немаме доволно работна сила. Во туризмот имаме потреба помеѓу 5.000 и 7.000 работници. Црногорците не сакаат да работат затоа што платите се мали. Меѓутоа, тие се толкави колку што во моментов треба да бидат – вели претседателот на црногорското туристичко здружение Жарко Радуловиќ.

Просечна плата 500 евра

Просечната плата на сезонски работник во Црна Гора е околу 500 евра. Проценките на црногорската влада во текот на годината на оваа земја и се потребни околу 20.000 сезонски работници.

Поради тоа Министерството за труд и социјална работа во соработка со Заводот за вработување ја започнаа акцијата „Вработуваме домашни“ со цел ангажирање на домашна работна сила во текот на летната туристичка сезона.

Во изминатите години за време на летото сезонски работеле околу 10.000 работници од Црна Гора, додека целта е оваа година да бидат околу 11.000 работници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот