ИТНИ МЕРКИ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО: Холандија ја ограничува брзината на возилата на 100 километри на час

Фото: Профимедиа

Холандија ќе ја ограничи брзината на возилина на максимално 100 километри на час, како дел од итните мерки за намалување на загадувањето со азот, објави денеска премиерот Марк Руте.

Холандската Влада е во криза од судската пресуда во мај, кога илјадници градежни проекти беа одложени затоа што Холандија со години ги прекршувала ограничувањата утврдени од Европската унија за нивоа на дозволен азот во животната средина.

Емисијата на азотни диоксид првенствено е последица на автомобилите, камионите и големите градежните возила на дизел гориво. Азотот во подземните води и почвата генерално доаѓа во форма на нитрати кои се наоѓаат во земјоделските ѓубрива и канализацијата и предизвикуваат хиперпродукција на алги.

– Тоа не е популарна мерка, никој не ја сака, но ќе служи за општото добро, рече премиерот. Тој истакна дека непотребните загуби на работни места мора да се спречат.

Градежните работи беа стопирани со пресуда на судот за околу 18.000 проекти поврзани со автопатите, аеродромите, ветерниците и домувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот