Итна седница на Домот на народите поради блокадата на Парламентот на БиХ

Босанско знаме / Фото: Профимедиа

Итна седница на Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина е закажана за денеска поради блокадата на Парламентот на БиХ.

На 22 ноември пет делегати во Домот на народите на Парламентарното собрание на БиХ поднесоа барање за итно свикување седница на тој дом на која ќе се расправа за „Информација на колегиумот на Домот на народите на Парламентот на БиХ за причините за блокирање на работата на највисокото законодавно тело кое ја блокира работата на оваа државна власт”.

Замениците, делегатите, (замениците) министрите и другите претставници од ентитетот Република Српска (РС) не учествуваа во одлучувањето во институциите на ниво на БиХ откако поранешниот висок претставник на БиХ Валентин Инцко на 23 јули наметна амандмани на Кривичниот законик на БиХ со кои се забранува негирање геноцид и воени злосторства. Седницата ја најави и Бакир Изетбеговиќ, потпретседател на Домот на народите на БиХ.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот