Итна помош доби 6 нови возила

Во функција се новите шест амбулантски возила на Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом на Скопје, реализирани со набавката на медицински возила преку Министерството за здравство. Од Здравствен дом Скопје соопштија дека прв пат по подолг временски период, службата за Итна медицинска помош во Скопје ќе има на располагање 14 возила.

По завршените административно –технички работи, во текот на вчерашниот ден сите шест амбулантски возила се регистрирани и се доопремени со потребната медицинска опрема и се во фунција на потребите на граѓаните на Град Скопје и околните места, што се под надлежност на Здравствен дом на Скопје.

Од Здравствен дом Скопје посочија дека значително се подобрува ефикасноста на Службата за итна медицинска помош, која како единствена за град Скопје и околните населени места, овозможува 24-часовна здравствена заштита во делот на вон болничка ургентна медицина и претставува прва линија за давање на здравствени услуги посебно во делот на животно загрозувачки состојби.

Соработката со Министерството за здравство продолжува со цел обезбедување целосно стручно и навремено извршување на основната дејност на Службата и добивање побрза и поквалитетна здравствена услуга, што значи постигнување скратено време на одговор на интервенција тогаш кога на граѓаните им е најнеопходна, информираат од Здравствен дом Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот