Итен состанок по промената на ставот на Вашингтон за израелските населби

Вашингтон/ Фото: МИА

Арапската лига во понеделник ќе одржи итен состанок на министрите за надворешни работи на кој ќе се разговара за промената на ставот на Вашингтон за израелските населби на Западниот Брег, јави денеска египетската државна новинска агенција МЕНА.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот објави дека израелските населби во Западниот брег повеќе не ги смета за кршење на меѓународното право, менувајќи го ставот на Вашингтон за ова прашање по четири децении.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео објави дека САД го отфрлаат правното мислење на Стејт департментот од 1978 година дека изградбата на населби на окупираните територии не е во согласност со меѓународното право.

Помпео пред новинари во Стејт департментот изјави дека администрацијата на Трамп верува оти сите правни прашања во врска со населбите треба да ги решаваат израелските судови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот