Италијанско гратче им нуди 30.000 евра на луѓето за да се преселат таму

Пресиче
Фото: Gianniblues / Alamy / Alamy / Profimedia

Италијанскиот град Пресиче објави дека ќе им плаќа на луѓето да се преселат таму, во обид да го зголеми своето сè помало население.

Градот, кој се наоѓа на југот од областа Пуља, е уште еден во низата што ќе им плаќа на заинтересираните за зголемување на тамошното население, ветувајќи им до 30.000 евра.

Сепак, постојат одредени услови кои треба да се исполнат. Имено, оние кои ќе решат да се преселат во Пресиче ќе мора да ги искористат тие 30.000 евра за да купат празен т.е. напуштен имот, што чини 25.000 евра, и да го реновираат.

„Има многу празни куќи во историското место, изградени пред 1991 година, кои би сакале повторно да ги видиме со нови жители. Ќе им понудиме до 30.000 евра на луѓето кои сакаат да се преселат овде и да купат еден од овие напуштени живеалишта“, изјави претставникот на локалната власт, Алфредо Палезе за Си-ен-ен.

Фото: Gianniblues / Alamy / Alamy / Profimedia

„Вкупните средства ќе бидат поделени на два дела: едниот дел оди за купување на старата куќа, а другиот оди на негово реновирање, доколку е потребно“, додал тој.

Пресиче е последниот во низата рурални заедници на Апенинскиот Полуостров што се обидуваат да привлечат нови жители со парични стимулации.

Правилата варираат од град до град, но обично потенцијалните апликанти мора да се обврзат да платат за реновирање на домот во одредена временска рамка, и да го користат како основно живеалиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот