Италијанските власти го казнија Фејсбук со седум милиони евра

Лого на социјалната мрежа Фејсбук / Фото: EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Италијанските власти го казнија Фејсбук со седум милиони евра за недоволно информирање на корисниците за тоа како би ги користеле своите приватни податоци.

„Фејсбук не ги информираше доволно корисниците кои отворија профили како ќе се користат нивните податоци”, соопшти италијанската Агенција за конкурентност.

Социјалната мрежа не ги спроведе мерките воведени од регулаторот во 2018 година.

Според Агенцијата, информациите обезбедени од Фејсбук за корисниците биле нецелосни и корисниците не можеле да разликуваат кои нивни податоци ќе се користат за рекламирање, а кои за персонализација на платформата на Фејсбук, на пример за полесно пребарување на други корисници.

Портпаролот на Фејсбук изјави дека мерките од 2018 година не биле спроведени, бидејќи жалбената постапка против нив сè уште трае.

Тој додаде дека компанијата инаку ги сменила условите за употреба за да стане појасно на кој начин ги користи податоците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот