Италијанските одбојкарки ја освоија титулата на Европското У19 првенство во Скопје

Младите одбојкарки на Италија со трофејот по финалето во СЦ „Борис Трајковски“ - Скопје/Фото: facebook.com/volleyballmkd

Женската јуниорска одбојкарска репрезентација на Италија (за одбојкарки до 19 години, 2004 и помлади) стана европски шампион на Европското првенство кое се одржа во Скопје.

Италијанките во СЦ „Борис Трајковски“ успеаја во финалето со резултат 3:2 во сетови да ја совладаат Србија (17:25, 27:25, 25:21, 15:25, 17:15) после 125 минути игра.

Во победничките редови Јулија Итума беше најефикасна со 21 поен, а на спротивната страна 22 поени запиша Уна Вајагиќ.

Третопласирана на шампионатот е селекцијата на Полска која со 3:1 славеше против Холандија (25:16, 24:26, 27:25, 25:21).

Потсетување дека македонската женска У19 одбојкарска репрезентација играше во групната фаза и на сите пет натпревари претрпе порази од Италија, Полска, Словенија, Финска и Грција, без ниту еден освоен сет.

Конечен пласман на ЕП –
1.Италија
2.Србија
3.Полска
4.Холандија
5.Турција
6.Хрватска
7.Словенија
8.Финска
9.Грција
10.Романија
11.Швајцарија
12.Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот