Италијанските научници загрижени: По карантинот голем број граѓани имаат неочекуван здравствен проблем

EPA-EFE/MATTEO CORNER

Во Италија за време на карантинот заради коронавирусот, најдолг во Европа, дојде до нагол пораст на бројот на лица со прекумерна тежина, покажало најново истражување, а тоа предизвикало загриженост кај кардиолозите и другите здравствени експерти.

Во извештајот на италијанските научници кој е објавен во Европскиот магазин за клиничка исхрана се истакнува декеа би требало да се поттикнат луѓето со прекумерна тежина да се вратат на здравата исхрана и редовни физички активности за да ги изгубат килограмите добиени за време на рестриктивните мерки воведени во борбата против вирусот Ковид-19.

Наведено е дека вознемиреноста, стресот и стравот дека нема да има доволно храна за време на рестриктивните мерки е причина за лошата исхрана на луѓето и дека тромесечната блокада и физичката неактивност допринеле на растот на бројот на луѓе со прекумерна тежина.

Италија е една од најтешко погодените земји од пандемијата и прва во Европа на почетокот на март воведе мерки на општ карантин со цел спречување на ширењето на Ковид-19, а од блокадата излезе со постепено олеснување на мерките по околу три месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот