Италијанските клубови бараат казни за Јувентус, Милан и Интер

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Членови на италијанската фудбалска Серија А, вкупно 11 од нив, бараат санкции за несудените „суперлигаши“..Проектот „Суперлига“ пропадна уште на самиот почеток, а „бурата“ која траеше неколку дена полека стивнува, како еден краток и не многу пријатен сон.

А членовите на Серија А не сакаат така лесно да им простат на Јувентус, Милан и Интер поради фактот дека тие беа подготвени да се „одделат“ и заради пари целосно ги игнорираат интересите на другите клубови на Апенините, а по тој повод започнале конкретна правна борба.

11 клубови, Рома, Торино, Болоња, Парма, Џенова, Каљари, Сампдорија, Сасуоло, Специја, Беневенто и Кротоне, потпишаа писмо во кое изразуваат потреба да се свика итен состанок. Другите клубови Наполи, Лацио, Фиорентина, Аталанта, Удинезе и Верона не ја поддржуваат иницијативата.

Во соопштението се наведува дека трите клуба Јувентус, Интер и Милан всушност го развиле и потпишале проектот „Суперлига“, дејствувајќи во тајност од другите членови и највисоките институционални тела на италијанскиот спорт и направија очигледна и сериозна штета на целата лига и на целиот италијански фудбалски систем.

Нова закана од Чеферин и УЕФА: Доколку не се откажат од Суперлигата ќе летаат од ЛШ

На Јувентус, Интер и Милан воедно им се забележува и затоа што сè уште не се официјално повлечени од проектот „Суперлига“, а потписниците на изјавата бараат санкции со образложенија.

Истите клубови се исто така дел од фронтот кој се залага за прилив на пари во Серија А преку проект осмислен од Дал Пино и кој би им донел една милијарда и 700 милиони евра на италијанските клубови. Проектот, за кој првично се гласаше едногласно, а кој подоцна ја загуби поддршката од Јувентус и Интер, предвидуваше дека средствата ќе управуваат со ТВ-правата во Серија А, а клаузулата во прелиминарниот договор беше клубовите да не поддржуваат нови натпреварувања како „Суперлига“ во следните 10 години, бидејќи првенството последователно ќе ја изгубеше својата привлечност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот