Италијанските експерти тврдат: Ова е лекот за „ковид-депресија“

Фото: EPA / Riccardo Antimiani

Физичката активност за 20 отсто го намалила ризикот од емотивните и психолошки проблеми во време на минатогодишниот карантин, покажуваат резултатите од испитување спроведено во Италија, а пренесува магазинот „Санита“ наменет за здравствените работници.

Според 18.000 студенти, професори и други универзитетски работници, потврдено било дека од анксиозност и депресија, за време на карантинот, повеќе пателе оние кои престанале да се занимаваат со спорт.

Истражувањето, во кое учествувале неколку италијански универзитети, покажало дека потешки последици од променетиот начин на живот ги погодиле лицата кои никогаш не се занимавале со спорт, а дури 50 отсто од оние кои во текот на пандемијата ја прекинале физичката активност, биле изложени на поголем ризик од емотивно-психолошки проблеми.

Истражувањето покажало дека ризикот од анксиозност и депресија, во време на карантин, бил зголемен кај лицата со послаба финансиска состојба.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот