Италијанскиот великан пред дилема: Икарди или Љоренте?

twitter.com/SSCNapoliNews_

Поранешниот напаѓач на Јувентус не го продолжи договорот со Тотенхем на крајот од минатата сезона, иако му беше понуден нов.

За услугите на Љоренте интерес владееше од страна на Фиорентина, Манчестер јунајтед и Интер.

Но, Шпанецот сериозно ја разгледува понудата на Наполи во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, но постои „пречка“.

Аурелио Де Лаурентис ја следи и ситуацијата со аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди. Тој не дал зелено светло за трансфер во италијанскиот вицешампион, иако е голема желба на првиот човек на „наполитанците“.

Доколку за неколку дена нема позитивен одговор од Икарди, тогаш ќе се комплетира трансферот на Љоренте непосредно пред финишот на летниот преоден рок во Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот