Италијанскиот селектор на терен испратил погрешен тим, виновни му се очилата

epa07988685 Italy's national soccer team head coach Roberto Mancini attends a press conference in Coverciano, Florence, Italy, 11 November 2019. EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Репрезентацијата на Италија вчеравечер го започна новото издание на Лигата на нации со реми против селекцијата на БиХ. За фановите на „аѕурите“ вистинско изненадување претставуваше изостанувањето од првиот тим на дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Кјелини, а многумина помислија дека станува збор за страв од повреда.

Но, селекторот Роберто Манчини призна дека станува збор за негова грешка и кога воочил дека погрешил било доцна да реагира бидејќи списокот бил предаден на УЕФА која не дозволува промени на еден час пред почетокот на натпреварот.

– Тоа беше моја грешка, нема очила и не видов дека Ачерби е во тимот наместо Кјелини. Меѓутоа, иако планиравме Џорџо да одигра еден натпревар, тој сакаше тоа да биде против БиХ, но што да се прави, Кјелини ќе биде во тимот против Данска – изјави Манчини кој потоа се пошегува на сопствена сметка.

– Не е толку страшно, можеше да се случи да ставиме голман на штоперска позиција – додаде Манчини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот