Италијанскиот Робинзон Крусо очаен откако властите решија да го протераат од островот

Мауро Моранди веќе 30 години живее сам на прекрасниот медитерански остров Будели во близина на Сардинија, но се чини дека на тоа му се наближува крајот.

И покрај тоа што се надевал дека на островот ќе остане до крајот на животот, наредбата за неговото иселување е подготвена. Сето тоа освен ако, се разбира, тој не го напушти островот доброволно, што Мауро никако нема намера.

Локалните власти брзо работат на плановите за да ја преуредат неговата колиба во научна станица за набљудување на живиот свет, што ќе го означи крајот на неговиот престој на островот.

facebook

Љубов на прв поглед

Моранди е поранешен учител и на островот пристигнал случајно кога пред 31 година се обидел да отплови од Италија до Полинезија. На прв поглед се вљубил во недопрената природа, кристално чистата вода, коралите и неверојатното зајдисонце.

Тој ја преземал должноста од претходниот чувар и сега на возраст од 82 години, Моранди сè уште е тука и сака да остане.

– Подготвен сум да направам сѐ за да останам, дури и ако тоа значи дека ќе мора да ме извлечат оттука. Јас немам каде да одам на друго место. Секако, не назад на север, а и нема ни што да правам. Ова е мојот живот. Не се гледам себеси како играм карти или во куглана – рекол Моранди за Си-ен-ен.

Instagram

Да се исели после летото

Моранди очекува властите да му го врачат налогот за иселување веднаш штом ќе заврши летото.

– Сè што барам е, ако веќе морам да се иселам во текот на реновирањето, подоцна да се вратам и да продолжам со тоа што го правам секој ден – да ги заштитам загрозените плажи од розови корали и да ја чувам природата од туристите. Се плашам дека моето заминување ќе биде крај на Будели како таков – објаснува Моранди.

Била покрената и петиција за негово останување, а за неколку дена биле собрани 2.600 потписи.

Островот е под надлежност на Националниот парк „Мадалена“ од 2015 година, а властите наведуваат дека тие само го почитуваат законот.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот