Италијанскиот претседател Матарела во Пекинг се сретна со Си Џинпинг, потпишани повеќе билатерални договори

Италијанскиот претседател Серџо Матарела во рамки на официјалната посета на Кина, денеска во Пекинг се сретна со кинескиот лидер Си Џинпинг.

Во својот говор, Си потсети на 700-годишнината од патувањето на венецијанскиот авантурист и трговец Марко Поло во Кина, кое ги зајакна културните, економските и верските врски меѓу Европа и Источна Азија.

Италија во голема мерка се потпира на надворешната трговија, како што се луксузните производи што ги извезува во Кина.

Додека, како членка на НАТО, Италија и помага на Украина, Пекинг и помогна на Москва со купување на руски енергетси резерви и му продава технологија што може да се користи во беспилотни летала и друго оружје.

Матарела и Си присуствуваа на потпишувањето на повеќе договори за култура, технологија и трговија и не спомнуваа политичките разлики.

Италија се повлече од глобалната иницијатива „Појас и пат“, во која Кина се обидува да ги продлабочи односите со земјите од Африка, Азија, Латинска Америка и Блискиот Исток преку инвестиции во инфраструктурата.

Италија беше првата земја од Г7 што се приклучи на кинеската иницијатива во 2019 година, кога популистичката влада предводена од партијата „Движење пет ѕвезди“ на Џузепе Конте ја промовираше иницијативата „Појас и пат“ како начин за зголемување на трговијата со Кина со истовремено вложување во големи инфраструктурни проекти.

Но, ниту едно од кинеските ветувања не се исполни, а инвестициите во италијанските пристаништа за кои пишуваа италијанските медиуми никогаш не се реализираа.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони одби да го обнови тој договор, но таа сепак во јули годинава ја посети Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот