Италијанскиот премиер поднесе оставка – Слободен печат
ВестиПланета

Италијанскиот премиер поднесе оставка

Во обраќањето во Парламентот, премиерот Конте го обвини вицепремиерот и лидерот на Лига, Салвини дека сопствениот интерес го става пред државниот.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка откако се продлабочија несогласувањата со вицепремиерот и лидерот на Лига, Матео Салвини.

Во обраќањето во Парламентот, Конте го обвини Салвини дека сопствениот интерес го става пред државниот.

– Одлуката на Салвини (да ја разниша коалицијата) е сериозна и има значителни последици по економскиот и социјалниот живот на земјата – посочи Конте.

Лигата бараше изгласување недоверба на Владата на Конте, но тој тоа го избегна и сам поднесе оставка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close