Италијанскиот „Плејбој“ го очекува своето прво дете со 27 години помладата девојка! (ВИДЕО)

Еден од најзгодните мажи на светот уште нарекуван и новиот „Плејбој“, Џанлука Ваки (52), заедно со неговата девојка Шерон Фонсека (25) го очекуваат своето прво дете.

Италијанскиот милионер и моделот на Инстаграм споделија видео во кое најавија дека ќе станат родители.

„Пресреќен сум што објавувам и споделувам со вас дека со Шерон очекуваме дете. Таа ќе биде мајката која отсекогаш ја сонував за моето бебе“ – изјави Џанлука.

Покрај тоа што е диџеј и само на социјалната мрежа Инстаграм го следат 15 милиони луѓе, италијанецот е познат инвеститор, а на социјалните медиуми е познат како „Grandpa Playboy“ или „The Money King“.

Многумина се восхитуваат на неговото совршено обликувано фит тело кое изгледа како на младо момче.

Џанлука внимава на својот изглед и покрај годините е се уште прилично активен. Тој обожава да танцува и често објавува видеа кои набргу станваат вирални на социјалните мрежи.

Со Шерон е во врска од 2018 година, а претходно беше со 23-годишната Арианда Гутиерез која беше Мис Колумбија.

Неспорно е дека овој италијански заводник има одличен стил и знае како да се забавува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот