Италијанскиот обвинител за гонење на мафија и тероризам во посета на земјава
Горан Наумовски
Пред
Делегација на Република Италија предводена од Федерико Кафиеро Де Рахо, национален јавен обвинител за гонење на мафија и на тероризам и Франко Габриели, директор на италијанската полиција – генерален директор за јавна безбедност денеска се во работна посета на Република Северна Македонија.
Италијанската делегација ќе учествува на конференцијата „Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал” што ќе се одржи во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Во рамки на посетата јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и националниот јавен обвинител за гонење на мафија и на тероризам Федерико Кафиеро Де Рахо ќе потпишат Меморандум за разбирање за заедничка соработка на двете институции.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Додека партиите вчера ги запалија моторите за кампањата за парламентарните избори што ќе се одржат на 8 мај, на Европскиот фронт предводен од лидерот на ДУИ Али Ахмети како да не му треба кампања, зашто веќе го конституира новиот парламентарен состав: избра претседател на Собранието – Зијадин Села, но и нов шеф на државата – …
Во овој момент загрижувачки е дека безбедносниот совет на Израел донесе одлука дека сепак оваа земја ќе се одмази да нападот со дронови од страна на Иран. Останува не јасно како и кога тоа ќе се изведе каде ради оперативни цели тоа засега не се открива. Меѓутоа интересно е и она што е актуелно како …