Италијанскиот милионер и манекенка на магичен начин открија дека чекаат девојче! (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Италијанскиот плејбој и милионер кој постојано го привлекува вниманието со луксузниот живот и оргинални идеи, Џанлука Ваки (52), заедно со вереницата го открија полот на бебето кое го чекаат.

Снимката која ја објави на Инстаграм ги допре сите, особено женскиот дел од неговите следбеници, а за само неколку часа имаше повеќе од пет милиони прегледи.

Џанлука со својата 27 години помлада девојка, манекенката Шерон Фонсека, стоеа во двор додека над нив прелета хеликоптер кој испушти розов прав и со тоа на заљубениот пар им откри дека во прашање е девојче.

– Среќни сме да го поделиме полот на бебето кое го чекаме со вас – напишал милионерот.

За да биде уште повеќе романтично, покрај нив стоеше и куче, а кога сфатија дека е девојче, Шерон се распака. Покрај сето ова, во позадина се слуша и една романтична песна.

– Те чекаме, наша мала принцезо. Те сакаат мама и тато – порачал на крајот Џанлука.

Погледнете го видеото:

 

View this post on Instagram

 

We’re happy to share with you our baby’s gender reveal ❤️ @sharfonseca #gvlifestyle

A post shared by Gianluca Vacchi (@gianlucavacchi) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот