Италијанскиот менаџер Антонио Конте ќе го напушти Тотенхем!

фото: EPA-EFE/Isabel Infantes

Антонио Конте ќе добие отказ од Тотенхем до крајот на неделата, пренесува британскиот медиум „Телеграф“.

По коментарите по натпреварот со Саутемптон на прес-конференцијата на која ги критикуваше своите играчи и го дефинираше Тотенхем како „клуб губитник“, раководството реши дека е подобро да ја прекине соработката со италијанскиот менаџер.

Изворот вели дека екипата треба да ја преземе Рајан Мејсон и тој ќе ја води до крајот на сезоната во која се борат за место во Лигата на шампионите. Моментно во Премиер лигата Тотенхем е на четвртото место со 49 бодови, еден помалку од третопласираниот Манчестер јунајтед.

Конте планираше да го напушти Тотенхем на лето, но очигледно е дека не е задоволен од ситуацијата во клубот и односот на играчите кои не успеваат да воспостават континуитет и да ги исполнат неговите замисли.

На средбата со првиот човек на клубот Даниел Леви истакна дека нема ништо против управата, туку дека критиките се наменети само за тимот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот