Италијанскиот амбасадор во земјава Андреа Силвестри на дружба со младите џифонци

Италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри на Џифони/Фото: Италијанска амбасада Скопје

Италијанскиот амбасадор во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри вчера се дружеше со македонските џифонци кои во наредните денови, ќе бидат дел од меѓународното жири на најголемиот филмски фестивал за деца на светот – Giffoni.

Како што соопштија од Џифони Македонија, тој со нив ја сподели својата голема страст кон стрип-културата, неговата голема пасија. Преку примери од светската продукција на стрипови и цртани филмови од минатиот век, тој им ги долови и најсуптилните начини со кои филмската уметност, цртаните и стриповите се послужиле во минатото за да наметнат некоја идеологија.

-Дури и ликовите на „Марвел” носат секогаш некоја идеологија зад себе. Суперхероите се родени во Америка. И тоа има многу врска со филозофијата за американскиот сон. За разлика од американската култура, суперхероите многу не поминуваа во Европа. Се прифатени, меѓутоа не со таков култ кон нив. Еве знам дека и во Македонија имате Ајвармен, а и ние во Италија имаме некој лик. Тор доаѓа од скандинавската култура, рече Силвестри.

Според него, цртежот и цртаните постојат за да ги образуваат децата за животот и дека тоа е многу важно, а направи и споредба дека стриповите во 1950-те и 1960-те години на миантиот век, некои теми биле забранети, дека денес тоа повеќе не е така.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот