Италијанские лекари можат да наредат принудно хоспитализирање на заразените со коронавирус

epa-efe
Болница во Италија /Фото: EPA

Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца, рече дека проверува дали има надлежност да нареди принудно хоспитализирање заразени со новиот коронавирус на кои им треба третман, но одбиваат лекување.

Една од причините за таквата мерка е појавата на нови епидемии во северниот регион Венето, предизвикана од 64-годишен маж од Виченца со Ковид-19. Тој развил симптоми еден ден откако се вратил од патување во Србија и првично одбил да се лекува во болница. Мажот сега е во сериозна, но стабилна состојба во болница. Тој присуствувал на погреб и роденденска забава со повеќе од 100 гости, петмина се позитивни, а 89 се ставени во карантин.

Сперанца предупреди дека секој што ја нарушува изолацијата може да се соочи со затворска казна и дека 14-дневниот карантин се однесува на оние кои пристигнуваат надвор од Шенген.

Според италијанскиот закон, секој што создава ризик од епидемија преку небрежност може да биде осуден на затворска казна до 12 години. Секој што ќе го стори тоа намерно, може да добие доживотен затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот