Италијански виролог: Опасноста од пренесување на коронавирус преку храна или амбалажа е многу мала

Вирологот Фабрицио Прелиаско, директор на Институтот Галеази во Милано тврди дека опасноста од пренесување на зараза со коронавирусот преку храна или амбалажа е многу мала.

– Коронавирусот може да се таложи на прехранбени пакети, но за четири часа ја губи силата. Освен тоа, ниските температури во фрижидерот го блокираат циркулирањето на вирусот, и во некој момент го уништуваат. Истото важи и за високите температури во рерните: 60 степени се доволно да го убијат вирусот, вели тој.

Тој истакнува дека во однос на храната и амбалажата нема поголеми ризици од останатите ситуации: чистењето мора да се изврши правилно и внимателно.

– Но не можеме се да дезинфицираме, вели Прелиаско и истакнува дека правилата остануваат исти, а тоа значи дека е неопходно да се мијат рацете и никогаш да не се ставаат во уста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот