Италијански великан сака да го ангажира „кралот“ Модриќ

Лука Модриќ би можел да го облече дресот на „Старата дама“/ фото: EPA-EFE/STR

Капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ во моментов преговара со Реал за продолжување на договорот. Но, бидејќи ситуацијата не е решена, тоа сака да го искористи Јувентус за да го ангажира следното лето.

Пред четири години Модриќ беше многу блиску до трансфери во Интер, на крајот одлучи да остане во Мадрид.

И оваа сезона се покажа како многу важен играч за тимот од „Сантјаго Бернабеу“, но и покрај тоа преговорите за новиот договор не се одвиваат најдобро.

„Кралевите“ на 37-годишниот играч од средниот ред му нудат договор, но со намалување на платата. Според „Марка“, Јувентус и тим од Катар сакаат да ја искористат оваа ситуација. Наводно, Модриќ добил понуди од двете страни, па останува да се види каква ќе биде неговата одлука.

Модриќ е во Мадрид од 2012 година и има учествувано во четири освоени Лига на шампиони и две титули во шпанската „Ла Лига“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот