Италијански репрезентативец стана возач на возило за итна помош за да им помага на болните

Максим Мбанда, член на рагби репрезентацијата на Италија работи како возач на возило за итна помош во моментите додека Италија се бори против пандмеијата на коронавирусот.

Откако беше одложен турнирот на шест нации во рагби кој требаше да се одржи во Италија, Мбанда одлучи да му помогне на својот начин со неверојатно хуман гест, тој е возач на возило за итна помош.

– Кога се беше откажано, се прашував како можам да помогнам дури и без никакво познавање во медицината. Тогаш го пронајдов жолтиот крст кој има транспортна служна за лекови и храна за стари лица.

Претходно работев и други работи, им помагав на пациентите, ги носев во одделите каде што требаше да одат, им ставав маски за кислород и ги преместував од количките во креветите. Морам да кажам дека 95 проценти од болниците се посветени на пациентите заболени од коронавирусот. Тоа што го гледам е дека докторите и медицинските сестри но и останатиот персонал работат повеќе од 10 часа на ден – вели Мбанда вели дека во овие моменти, рагбито воопшто не му е во мислите.

– Се додека имам сила јас ќе продолжам да им помагам на лицата на кои тоа им е потребно. Останувам тука и се додека постои итен случај јас сум на располагање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот