Италијански рецепт: Забајоне, вкусен десерт со само три состојки

Слатко вино, јајца и шеќер се сѐ што ви треба за густ и неодолив крем кој можете да го послужите со бисквити, да го посипете со чоколадни трошки, да го користите како фил за палачинки или да го послужите во високи чаши со омиленото овошје.
Забајоне е италијански десерт кој, според некои теории, датира од втората половина на 15 век, кога рецептот бил објавен во колекцијата ракописи во библиотеката Морган Куоко Наполетано. Други, пак, тврдат дека монахот Сан Пасквал од Торино во 16 век го препишувал вкусниот крем против умор кога жените се жалеле од нивните мрзеливи мажи.
Овој рецепт се служел како ладно освежување во Венеција, а ренесансниот готвач Бартоломео Скапи го подобрил рецептот со цимет.
Потребни состојки
– 3 жолчки
– 3 лажички шеќер
– Вино по желба
Подготовка
Изматете ги жолчките и шеќерот со електричен миксер во сад со средна големина, додека смесата целосно не се соедини. Ставете го садот со смесата над лонец со средна големина во кој има вода што врие. Постепено додавајте го виното и нежно мешајте на пареа додека не добиете густ крем. Ќе ви требаат пет до десет минути.