Италијански пакт против Јувентус

Дел од најдобрите италијански екипи одлучија за ги здружат силите против Јувентус со цел да ја прекинат неговата доминација во Серија А. Според „Кориере дело Спорт“, екипите на Интер, Наполи и Рома, се договориле да не му продаваат фудбалери на Јувентус.

„Старата дама“ доминира во Серија А, сезонава ја освои осмата титула по ред, шпа затоа трите екипи кои исто така имаат шампионски амбиции и сезонава осетно се засилија, одлучија повеќе да не му продаваат играчи на Јувентус.

Според „Кориере дело Спорт“, токму поради договорот, Интер намерно одолговлекува со Мауро Икарди и ги одбива сите понуди од Јувентус иако самиот фудбалер изјави дека сака во иднина да настапува во „старата дама“.

Како можна идна дестинација на поранешниот капитен на Интер се споменува Наполи. Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис понудил дури 70 милиони евра како обесштетување за Икарди кого го очекува плата од девет милиони евра по сезона доколку ја прифати понудата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот