Италијански новинар го налути Рафа Надал! (ВИДЕО)

принтскрин/YouTube

Рафаел Надал, после поразот од Александер Зверев, не беше среќен од прашањето поставено од еден новинар, дали неодамнешната свадба е причина за недоволната концентрација на мечот против Германецот.

На прес конференцијата по мечот меѓу Надал и Зверев во своето прашање новинарот од Италија истакнуваше дека свадбата, за време и после прославата знае да одземе многу енергија, на што бурно реагираше светскиот број еден.

– Сериозен си? Ова е сериозно прашање или шега? Изненаден сум од таквото прашање кога веќе 15 години го делам животот со иста девојка. Имам нормален живот и многу стабилен. За мене тоа ништо не менува, имам само прстен. Јас сум само нормален човек. Можеби свадбата за тебе беше стресна – рече Надал, а потоа праша:

– „Колку долго сте со сопругата?“ И кога доби одговор 30 години, го продолжи разговорот со новинарот:

– Можеби не си сигурен во себе. Одиме на прашања на шпански јазик, ова е с…е“ – беа зборовите на Рафа.

Поразот на Надал му даде шанса на Новак Ѓоковиќ оваа година сепак да ја заврши на првото место на АТП ранг листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот