Италијански гигант се враќа во трката за Ристовски!?

EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Потсетување дека Стефан Ристовски заработи сезонава дури три црвени картони, и така го загуби правото на настап во финалниот Куп на Португалија, а клубот нема да смета на неговите услуги и на дуелот против Порто во последното коло.

Според „А Бола“ прашање е за колку би бил продаден Ристовски кој досега имаше 56 одиграни мечеви во две сезони за Спортинг Лисабон, а годинава беше клучен играч во редовите на Марсел Кејзер.

Се шпекулира дека од наредната сезона би имал нов клуб, а како една од главните причини за разделба со Спортинг би била токму неговата дисциплина.

Има договор со Португалците до 30 јуни 2022 година, а неговата вредност според „Трансфермаркт“ се проценува на 3,50 милиони евра.

Претходно интерес за услугите на македонскиот репрезентативен бек покажа Лацио, понудата на римскиот клуб веднаш беше одбиена во последниот преоден рок. Но, „А Бола“ воедно информира дека „небесно-сините“ повторно се активираат во трката за потписот на Ристовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот