Италијански функционери зеле помош поради кризата со Ковид-19

epa08467375 Activists ride their bicycles during a protest of the Fridays for Future movement for climate protection at Piazza Venezia in Rome, Italy, 05 June 2020. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MEO

Пет члена на италијанскиот Парламент и околу 2.000 градоначалници, претседатели на региони, членови на регионални влади земале бонус од 600 евра кои италијанската Влада ги одобри како помош за оние кои поради Ковид-19 и карантинот имале проблеми со работата заради, пишува весникот „Република”.

Измамата ја откри Комисијата против корупција и измама на Државниот завод за пензиско осигурување ИНПС.

Силни осуди доаѓаат од сите политички партии и институции.

„Срамота”, напиша лидерот на Демократската партија, Никола Зингарети, а претседателот на долниот дом на Парламентот, Роберто Фико најавија дека „членовите на Парламентот, како претставници на народот, имаат морални обврски, а не само законски”.

Министерот за надворешни работи Луиџи ди Мајо рече дека „функционерите кои зеле бонус мора да ги вратат парите, да им се извинат на Италијанците и да поднесат оставка”.

Шефот на партијата Лига, Матео Салвини, побара „кој и да го направил тоа од парламентарците, мора веднаш да биде сменет”, а првиот човек на парламентарната група на Движењето Пет Ѕвезди, Вито Крими, рече дека овој потег е „одвратен и недозволив”.

Имињата на петмина парламентарци не се познати, но според извештаите во медиумите, се знае дека тројца се членови на партијата Лига, еден е член на Движењето Пет Ѕвезди, а еден е член на партијата „Италија вива” на Матео Ренци.

Парламентарците кои покрај своите високи приходи, земале и бонус наменет за оние кои имаа проблеми поради кризата, засега се заштитени со законот за приватност, така што нивните имиња не се познати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот