Италијански доктор сака фудбалерите во Серија А да се вакцинираат

epa08999619 Juventus' Cristiano Ronaldo (C) in action during the Italian Cup semi final, second leg soccer match between Juventus FC and Inter Milan in Turin, Italy, 09 February 2021. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Директорот на клиниката за инферктивни болести во Џенова предложи вакцинирање на сите фудбалери.

Сите фудбалери кои настапуваат во екипите кои играат во Серија А, а ги има околу 600, би требало да се вакцинираат против коронавирус. Овој предлог го изнесе директорот на клиниката за инфективни болести во Џенова, Матео Басети. Според неговите зборови, имунизацијата на фудбалерите може да има корист.
Така би се спречило ширењето на вирусот меѓу спортистите, би се избегнале случаите со одложување на фудбалски натпревари како што беше последниот случај со дуелот помеѓу Торино и Лацио. Натпревари се одложуваат поради жаришта на коронавирус откриени меѓу спортистите, а исто така со вакцинирањето на фудбалерите би се испратила силна порака до навивачите и тиа да ја прифатат имунизацијата. Замислете да се вакцинира Кристијано Роналдо, колку навивачи би го следеле неговиот примеризјави докторот Басети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот