Италијански десничарски пратеник уби Мароканец на сред плоштад

Полиција/ фото МВР

Шеф на градската канцеларија за безбедност во Вогери во северна Италија и член на десничарската партија Лига, уби Мароканец со кого влезе во конфликт.

Лидерот на партијата, Матео Салвини, вели дека тоа е легитимна одбрана.

Уапсен е Масимо Адриатици, советник во Лигата и поранешен полициски командант, а отворена е истрага за прекумерна употреба на сила, објави новинската агенција Анса, повикувајќи се на извори на истрага.

Локалната полиција не беше достапна за коментар на барање на новинската агенција Франс Прес.

Жртвата, која беше застрелана во градите е 39-годишен Мароканец.

Според локалните медиуми, Мароканецот синоќа и досадувал на жена пред еден бар во Вогера, па градскиот советник решил да интервенира и повикал полиција. Мароканецот започнал да го турка Адриатици, кој имал пиштол со себе, тврди дека оружјето пукнало во моментот кога паднал на земја.

Лидерот на италијанската десничарска партија Лига Матео Салвини, поранешен министер за внатрешни работи, тврди дека Адриатици бил „жртва на агресија“ и реагирал во „легитимна одбрана“.

„Случајно пукаше, што за жал погоди странец“, рече Салвини во видеото на неговата страница на Фејсбук.

Сенаторот на Демократската партија (лево од центарот) Алан Ферари, исто така локален советник, го повика Салвини да ја осуди ваквата постапка.

„Во цивилизирана и демократска земја, шефот на градската канцеларија за безбедност не пука никого“, рече Ферари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот