Италијански деликатеси: Разни видови паста за вкусни кулинарски комбинации

unsplash

Популарно наречени „паста“, тестенините ги има во многу форми и видови за разни намени. По потекло од Италија, каде што најмногу се користат, тие можат да се употребат за готвење разни јадења.

Ако сакате да јадете одреден вид тестенини, или да подготвите некое јадење со нив, треба да знаете какви видови има и за што се употребуваат. Освен добро познатите кај нас лазањи, тортелини, равиоли, фиде, фузили, таљатели, има уште многу видови, а ќе ги наброиме најкарактеристичните.

unsplash

Анелетеи – или прстенчиња, можат да бидат со различна величина, а се комбинираат со зеленчук и тоа за салати со егзотичен изглед. Исто така, можат да се стават во супи, кога сте расположени за сложени кулинарски експерименти.

Ачини ди пепе – ситна тестенина што има големина на зрно од бибер. Може да ја споредиме со кускусот, кој е познат во нашето кулинарство, но е покрупна. Се користат во салати и супи, а одлично се комбинираат со зеленчук.

Букатини се дебели шпагети, со дупче на средината. Тие се готват приближно девет минути, по што можат да се помешаат со паста од маслинки, месо, сирење, зеленчук, јајца или морски плодови.

Џемели се тенки шпагети заедно засукани. Можат да се комбинираат со разни сосови, бидејќи добро одат со месни производи, зеленчук, млеко и јајца.

unsplash

Џили е паста со конусен облик, која личи на цвеќе со свиткани ливчиња. Џилите се пригодни за богати и тешки сосови, како и за лесни јадења, во комбинација со сирење, мрсно месо, морски плодови.

Дитали се макарони исечени на поситни парчиња. Помалите видови од нив се познати и како диталини. Добри се за салати, супи и како прилог со разни јадења со месо.

Елбоу макарони се кратки, шупливи макарони, лесно свиткани на двата краја. Добри се за салати и готвени јадења. Во Северна Италија од нив најчесто се подготвуваат вкусни богати чорби.

Каватали – овие се всушност шупливи, но не многу дебели, цевчести макарони, кои се свиткани во спирала. Добро се комбинираат со лесни и заситени сосови. Одлични се за месни и посни јадења, а нивниот необичен изглед ги прави многу декоративни во секое јадење. Каватели е ситна тестенина, која многумина ја споредуваат со минијатурни земички за хот-дог. Кавателите можат да се зачинат на разни начини, да се комбинираат со месо, печурки, морски плодови и зеленчук.

Кампанеле – макарони со чуден облик, како купола со брановидни рабови. Кампанелите добро се комбинираат со сосови на која било основа. Успешно се применуваат во ладни салати.

Касерече – ситни макарони, слични на празна мешунка, свиткана на едниот крај. Тие се комбинираат со разни зачинети сосови во варени јадења.

Конкили се тестенини што надвор од Италија се познати како „школки“. Конкилите можат да бидат со различна големина, поситните можат да се стават во супа, а покрупните во салата. Најголемите сепак можат да се полнат со различни сирења, зеленчук и со месо.

Риколи се широки лентички свиткани во спирала. Поради уникатниот облик овие тестенини се многу пригодни за разни сосови, со оглед на формата што овозможува задржување на сосот во нив.

Unsplash

Лингвини се долги сплескани шпагети, кои добро поднесуваат разни вкусови. Добри се за лесни салати, како и комбинација со морски плодови.

Папардели се широки сплеснати ленти, кои се сервираат со богати и силни сосови. Овој
вид тестенини најчесто се консумира во зима.

Орекиете – уште се наречени „мали уши“ поради својот облик. Добри се за силни сосови и
за салати. Потсетуваат на мали школки и овозможуваат сосот да влезе во нив. Пипе ригате е тестенина што потсетува на куќичка од полжав.

Поситните видови се познати како рипете ригате. И двата вида тестенини се комбинираат со кремови од павлака или со месни сосови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот