Италијански деликатеси: Популарни кашкавали и сирења што мора да ги пробате

Италијанската кујна е широко популарна по многубројните видови тестенини, пици, вкусни брускети и секако квалитетните сирења и кашкавали.

Во различни региони во Италија можат да се пробаат разни видови сирења и кашкавали, кои се подготвуваат на карактеристичен начин и можат да се комбинираат со различни производи. Тие по својата конзистенција и траење на зреењето се делат во три основни групи, а тоа се тврди, полутврди и меки. Интересно е и тоа што кај нив сите овие млечни преработки се под едно име – сирења, додека кај нас се разликуваат сирења и кашкавали.

Тврди се оние чиј период на зреење трае повеќе од половина година, тие најчесто можат да се консумираат рендани. Полутврди се оние чиј период на зреење е до три месеци, а меките брзо зреат и се јадат свежи.

Еве кои се најпопуларните италијански кашкавали и сирења, кои задолжително мора да ги пробате:

Пармезан – секако дека мора да почнеме со најпопуларниот и познат „пармиџано реџано“ или едноставно наречен „пармезан“. Овој кашкавал се додава во јадењата, може да се стави на различни видови пица, сосови за тестенини и др.

Моцарела е следниот млечен производ што заслужува внимание. Тоа е свежо сирење со густа структура, често се сервира во салати. Моцарелата често се користи и како додаток на пици и тестенини.

Рикота е сирење кое се прави од овча сурутка или сурутка од кравјо млеко и има сладникав вкус и мазна конзистенција. Ако сакате да ја послужите дома, најдобро друштво на ова сирење му прави вино со овошна арома.

Маскарпоне е исто многу популарно италијанско сирење, кое има густа кремава структура. Ова сирење најчесто се комбинира со шумско овошје, смокви, а е незаменлив дел во тирамису десертот. Добро е во комбинација со шардоне и шампањско. Поради слаткиот вкус маскарпонето може да се комбинира со кафе или со некој ликер.

Пекорино е овчи кашкавал, кој потекнува од Тоскана и има специфична арома и вкус. Тој има тврда конзистенција и одличен е во комбинација со црвени вина.

Горгонзола е сино сирење со кремаста структура и за него е карактеристично тоа колку е понезрело, има поблаг вкус.

Грана падано е италијански кашкавал со тврда конзистенција, благо пикантен, солен вкус со нежни нијанси на јаткасти плодови.

Проволоне е полутврд кашкавал што може да се чува со месеци. Колку подолго стои, има поизразен вкус.

Качокавало е следниот италијански десерт што мора да го пробате ако имате можност. Тој е гордост на Сицилија и на јужниот регион Базилика. Може да се прави од кравјо млеко и мешавина од кравјо, овчо и козјо млеко.

Талеџио е уникатен италијански кашкавал, кој ќе ве освои со својот вкус. Се приготвува од полномасно кравјо млеко и се одликува со портокалова коричка и мека внатрешност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот