ИТАЛИЈАНСКИ БРУСКЕТИ: Сите потребни состојки веќе ги имате дома (РЕЦЕПТ)

брускети

Брускетите се едно од најомилените италијански предјадења, кои се идеални и за појадок или за ужина.

Можете да ги подготвувате и за гости, бидејќи се прават многу брзо и лесно.

Состојки:

Парчиња сув леб (по избор)
Маслиново масло
Босилек
Домати
Лук, сол, бибер (по желба)

Подготовка:

Парчињата леб премачкајте ги со маслиново масло и наредете ги во тава со хартија за печење. Печете најмалку шест минути на 180 степени, во претходно загреана рерна.

За тоа време исецкајте ги доматите (исчистени од семки), па измешајте ги со сецканиот босилек.

Ако сакате и лук, истолчете го и измешајте го со сол и бибер. Извадете го лебот од рерната, па прво ставете на секое парче малку од смесата со лук, а потоа од доматите.

Вратете да се испече уште шест минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот