Италијанската Серија А ќе ги отвори стадионите на 3 октомври?

Првите луѓе во италијанската фудбалска федерација и Серија А според „Ил Кориере дело Спорт“ размислуваат да ги отворат стадионите од третото коло во натпреварувачката сезона 2020/21.

Медиумот информира дека се планира враќање на навивачите на трибините, а согласно протоколот донесен на 10 јули поради ситуацијата со Ковид-19, една третина од капацитетот на стадионите би можела да биде достапна за јавноста.

Докуметот претставен минатиот месец не бил земен во предвид од научниците, но од федерацијата и натаму се надеваат дека повторно ќе бидат отворени стадионите на 3-4 октомври 2020 година во третото коло од новиот шампионат.

Оваа одлука ќе биде од корист и за италијанската репрезентација, која на 7 октомври игра пријателски натпревар против Молдавија во Парма, а на 14 октомври има меч од Лигата на Нации со селекцијата на Холандија.

Прочитајте и...  Борко: Македонија не заслужува ваков избор за претседател на МОК

И во новата сезона од најсилното италијанско првенство ќе ги имаме тројцата македонски фудбалери, Горан Пандев со Џенова, Елиф Елмас во дресот на Наполи и Илија Несторовски за Удинезе.

Поврзани вести

Изненадување, Реал Мадрид сака да го „ограби“ европскиот шампион

Слободен печат

Барди: Јас сум Албанец, но со гордост играм за Македонија

Слободен печат

Фановите тераат сеир со Мората по поништените три гола (ФОТО)

Слободен печат

Урнебесен одговор на италијански лекар на коментарот на Роналдо за коронавирусот (ФОТО)

Слободен печат

Почина една од најголемите легенди на Динамо Загреб, Славен Замбата

Слободен печат

Фонт по секоја цена сака да го задржи Меси и да го врати Пеп во Барселона

Слободен печат

Остави Коментар