Италијанската Серија А е пред „француско сценарио“?

EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Последниот збор ќе го имаат политичарите, во тој аспект фудбалските клубови на Апенините не можат да сторат многу…

Ништо уште не е одлучено, но во наредните 48 часа, односно до среда, како што пишува римската „Република“, италијанскиот премиер Џузепе Конте наскоро би можел да донесе конечна одлука за италијанскиот фудбал оваа сезона.

И натаму продолжуваат разговорите меѓу политичарите и клубовите, овие вторите секако сакаат првенството да продолжи, барем поголемиот дел од нив, а останатите бараат предвремено завршување на сезоната, а помеѓу нив е и размислувањето на македонскиот репрезентативец Горан Пандев, играчот на Џенова.

Доколку во тоа ги вклучите и регионалните судири, на пример, Емилија-Ромања планира да ги отвори спортските терени, односно дозволи индивидуални тренинзи на спортистите од понеделник (4 мај), помалку е јасно дека доаѓа вистинска „војна“ на аргументи, реакции..

твитер

Кога и дали ќе продолжи Серија А, премиерот Конте споменува фази, но клубовите не разбираат зошто е побезбедно да се тренира во паркови отколку во тренинг центри.

Странците сè уште не се поканети да се вратат во клубовите, во најдобар случај би можеле да излезат од карантин во последната недела од мај, но се поставува прашањето дали екипите во јуни ќе бидат подготвени да играат?

Одолговлекувањето ги нервира клубовите, Министерот за спорт во Италија, Винченцо Спадафора не е максимално сигурен за попуштање на мерките и дури се шпекулира дека тој лично се залага за предвремено завршување на фудбалската сезона..

„Република“ објави дека ќе се почека најдоцна до среда, можно е да се случи „француското сценарио“ со прогласување крај на сезоната во сите натпреварувања до септември.

фото: твитер

Во тој случај, би немало шампиони, но се отвора дилема, што ќе се случи со испаѓањето. Најреално решение е во Серија Б да одат Бреша и СПАЛ, да влезат Беневенто и Кротоне. Но, тоа би предизвикало лутина кога се во прашање жалбите на екипите за испаѓање, но и и оние што би играле плеј-оф за Серија А.

Последниот збор ќе го имаат политичарите, во тој аспект клубовите не можат да сторат многу, иако многумина тврдат дека крајот на првенството, односно паузата ќе ги уништи тимовите, ќе се зголемат долговите и ќе го доведе во прашање самиот опстанок на сегашниот систем.

Но, ова се црни проценки, многу поголемо прашање е, да речеме, што би направил Јуве, кој треба да игра реванш против францускиот Лион во Лигата на шампионите, или клубовите кои се во Лигата на Европа.

фото: твитер

Се чекаат нови информации во вторник или среда, шансата се пола-пола, доколку топката запре на Апенините, ќе се појави „голема бура“…

Во денешните медиуми критиката преовладува на сметка на политичарите кои не разбираат дека Италија не е иста како Франција, дека фудбалот, воопшто и спортот е многу поважен и дека многу одлуки не се логични, затоа што доколку приоритет им е да ја спасат туристичката сезона, како може фудбалот да се стави настрана..

Но, на крајот на краиштата, луѓето сè уште умираат, епидемијата виси како закана над главите, сите се плашат од нов бран, а самите играчи, или странците кои избегаа во своите татковини, не би имале и ништо против предвремено завршување на натпреварувачката сезона во Италија, 2019/2020.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот