Фото: pamfleti.net / италијанска полиција / скриншот

Италијанската полиција уапси 12 луѓе, осомничени се за шверц на кокаин

„Италијанската полиција во соработка со албанските колеги уапсила 12 лица во рамки на акцијата против шверц на големи количества кокаин од Јужна Америка“, јавија денеска италијанските медиуми.

Дрогата со камиони била транспортирана во Италија од Албанија и други централноевропски земји.

Наркотиците биле дистрибуирани во Милано, Торино, Верона, Бреша, Тренто и други градови во северна Италија.

По неколку претреси, уапсени се 12 лица, а во рамки на истрагата ќе бидат сослушани уште осум осомничени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот