Италијанската мафија смисли како да „работи“ и во услови на корона

Криминалните организации во Италија делат прехрамбени производи на најсиромашните со цел да ги привлечат во време на корона вирусот, предупредува Роберто Савијано.

Италија како една од најпогодените држави во светот се наоѓа во целосен карантин и се справува со последиците на коронавирусот. Војската и полицијата се на улиците, владее полициски час, а на сила се мерките за контрола на сите можни движења на населението, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Јавниот и професионалниот живот е замрен, бизнисот стопиран. Сите овие мерки не ги заобиколија ниту светски познатите италијански мафијашки кланови, на кои идентично како и легалните институции, им е запрен бизнисот.

Припадници на италијанската војска и полиција ги проверуваат сите возачи кои поминуваат на контролната точка помеѓу Бресо и Чинисело Балсамо, во близина на Милано /30 март 2020, Италија / ФОТО: EPA-EFE/SERGIO PONTORIERI

Мафијашките групи се обидуваат да допрат до некои компании кои сега се соочуваат со тешкотии и чекаат финансиска помош, вели Роберто Савијано, кој е автор на книга посветена на делувањето на неаполската криминална група „Камор“.

– Станувате партнери бидејќи сте „загризале“. Тоа не е исто како кога некој би ви дошол со пиштол, туку станува збор за финансиски советници во одреден момент“, додава Савијано.

Според неговите искази, доколку Европа не интервенира, на неконтролиран начин ќе се размножи мафијашкиот капитал кој се наоѓа во Германија, Франција, Шпанија и Белгија.

Покрај тоа што им делат храна на најсиромашните тие на барање на „Камор“ ја укинаа каматата за позајмени пари.

– Зошто? За да добијат нешто за возврат, вели Савијано, кој во моментов живее во Њујорк, а претходно имаше и полициска заштита по издавањето на неговата книга во 2006 година поради голем број закани кои пристигнаа на негова адреса.

Прочитајте поопширно: Што прави италијанската мафија за време на коронавирусот?

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот