Италијанската филмска дива Џина Лолобриџида на 95 години ќе се кандидира на парламентарните избори

Фото: Профимедиа

Италијанската филмска дива Џина Лолобриџида (95) најави дека ќе се кандидира за италијанскиот Сенат на парламентарните избори на 25 септември.

„Едноставно сум изморена од тоа да слушам политичари како меѓусебно се расправаат, а без воопшто да се занимаваат со работа“, рекла таа во интервјуто објавено во весникот „Кориере дела сера“ во понеделникот.

„Италија е во лоша состојба, сакам да направам нешто добро и позитивно“, изјавила актерката.

Лолобриџида сака да се кандидира на кандидатската листа, на која е и Комунистичката партија.

Меѓу другото, рекла дека пред да ја донесе својата одлука разговарала со својот адвокат. Поранешната актерка има старател назначен од судот по повеќегодишен семеен спор и затоа не ѝ е дозволено да донесува независни одлуки за својт имот.

Лолобриџида се обиде да ја започне политичката кариера во 1999 година, кога се кандидираше за Европскиот парламент, но не го освои потребниот број гласови.

„Во секој случај, тоа беше искуство. Во животот можете да изгубите и можете да победите“, рекла легендарната актерка.

ФОТО+ВИДЕО | Еве зошто цел свет ја сожалува најубавата Италијанка: Жива е, а сите се грабаат за нејзиното богатство!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот