Италијанската федерација почна истрага против Лацио!

EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Италијанската фудбалска федерација почна истрага против Лацио за можни прекршувања на здравствениот протокол во клупската база.

„Небесно-сините“, кои се подготвуваат за мечот в среда (4 ноември) во Лигата на шампионите против рускиот Зенит, се под истрага за напуштање на клупската база без дозвола на властите.

Од федерацијата имаат за цел да ја проверат исправноста на тестовите за ковид-19 извршени во изминатите денови на римскиот клуб.

Италијанскиот претставник патува за Русија без клучни играчи како Имобиле, Алберто, Леива, Томас Стракоша и Лаѕари.

Во рамките од групата „Ф“ во ЛШ после две одиграни кола водат Лацио и Клуб Бриж со по четири бода, три има Борусија Дортмунд, а ниту еден Зенит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот