Италијанска убавина – 965 KС во 150 примероци (ФОТО+ВИДЕО)

Италијанската компанија Puritalia Automobili во текот на пролетта го престави својот суперавтомобил Berlinettа, кој на патиштата ќе се појави наесен.

Berlinetta e хибрид во кој V8 агрегатот и електричниот мотор комбинирано развиваат 965 KС, што го прави најмоќниот италијански хибриден автомобил, помоќен и од Ferrari LaFerrari од 2013-та година (950 KС).

Автомобилот е долг 4.500 мм, а пак е широк е 1.982 мм, додека меѓуосовинското растојание е од 2.701 мм, a тежок е само 1.410 кг. (шасијата тежи 150 кг.).

Berlinetta забрзува од место до 100 км/ч за 2,7 секунди, а до 200 км/ч стигнува за вкупно 7,2 секунди.

Самиот мотор со внатрешно согорување е 5,0-литарски V8 DOHC Ti-VCT со 32 вентили со 2,9-литарски „twin-screw“ суперполнач кој развива 750 KS при 7.000 вртежи во минута, т.е. 878 Нм при 4.400 o/мин.

Напредниот електричен АЦ мотор е со аксијален флукс кој е испорачан од Yasa и произведува до 215 KС и 370 Нм вртежен момент, а е тежок дури нешто повеќе од 25 килограми.

Puritalia моторот го интегрираше директно на задниот диференцијал, благодарејќи на компактната димензија од 305 мм и аксијална длабочина од 106 мм.

Во оваа конфигурација вртежниот момент кој електромоторот го испорачува го заобиколува менувачот и делува директно на задните тркала.

Конечната верзија на Berlinettа ќе биде претставена во платата Бленхајм во Велика Британија на настанот „Salon Prive“ кој е на програмата од 5 до 8 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот