Италијанска полиција: Уапсени три лица кои фалсификувале епидемиолошки податоци за Сицилија

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Италијанската полиција уапси три лица под обвинение дека повеќе од 40 пати фалсификувале епидемиолошки податоци за Сицилија, со цел да се избегне прогласување на како подрачје со висок ризик од зараза со ковид-19.

Од ноември минатата година до 19 февруари, тие испраќале фалсификувани епидемиолошки податоци за заразата со ковид-19 на Сицилија до италијанскиот Висок институт за здравство, кој врз основа на неделните податоци од регионот предложува анти-ковид мерки.

Приведените лица, задолжени за надгледување и следење на епидемиолошката ситуација на Сицилија ги менувале бројките на тестираните, заразените и починатите.

Во измамата бил вклучен директорот на Одделението за здравство на регионланата Влада и неколкумина негови соработници, шефор на локалната Епидемиолошка опсерваторија, како и компанијата задолжена за информатичка обработка на податоците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот