Италијанецот кој беше пронајден мртов на брод во Хрватска, починал од јаглерод моноксид

Вчера утрото 57-годишниот италијански менаџер Евгенио Винчи беше пронајден мртов на брод кај Хвар. Според италијанските медиуми, на Винчи му се слошило, паднал и ја удрил главата од ѕидот. Наскоро, и другите почнале да чувствуваат симптоми како што се гадење и вртоглавица.

Полицијата соопшти дека телото на човекот било пронајдено и дека уште пет лица биле хоспитализирани во КБЦ во Сплит. Меѓу нив има две деца во сериозна состојба, кои веднаш биле ставени на респиратор.

Иако првично се сметало дека туристите се отруени со храна, лекарите се сомневаат дека е така.

Но, речиси е сигурно дека школките не се причина бидејќи децата не ги јаделе. Се претпоставува дека се работи за истекување на јаглерод моноксид од генераторот на бродскиот мотор, објави Дневник.хр.

Денес се очекуваат резултатите и ќе се дознае што ја предизвикало смртта на италијанскиот турист и труењето на уште пет лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот