Италијанецот Дел Монако нов шеф на Мисијата на ОБСЕ во Албанија

Амбасадорот Винченцо Дел Монако од Италија е новиот шеф на Мисијата Организацијата за безбедност и соработка, ОБСЕ во Албанија.

Италијанскиот дипломат го заменува Германецот Бернд Борхард кој мисијата на ОБСЕ ја предводеше во период од 2016 до 2020 година.

Дел Монако служел 23 години во италијанската дипломатска служба, бил амбасадор на Италија во Ерменија и во Црна Гора. Служел и во Пекинг, Брисел, во постојаното претставништво на Италија во ЕУ и во кабинетот на поранешниот италијански претседател Наполитано.

Дипломирал како најдобар на Правниот факултет на Универзитетот Ла Сапиенца во Рим, магистрирал во Бриж.

Амбасадорот Дел Монако е одликуван со Орден за заслуги на Република Италија, орден од Францускиот Лежион д’Хоннер и орден на знамето на Црна Гора.

Зборува италијански, англиски и француски јазик. Тој е оженет и има три деца.

Мисија на ОБСЕ за првпат во Албанија пристигна во 1997 година а ја предводеше Дан Евертс од Холандија.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот